Печати
PDF

Прирачник за следење и контрола на целисходноста во јавните набавки

on .

Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионотна Западниот Балкан. За да се обезбеди што поголемо учество на граѓаните во оваа важна област на управувањето со јавните финансии, прирачникот ги сумира клучните чекори во постапките за јавни набавки и го свртува вниманието на воспоставените принципи на целисходноста кон секој од нив. Прирачникот има за цел да даде придонес кон напорите на коалицијата БТВ во најголема можна мера да го прошири фронтот на организации кои со своите активности „бараат одговорност од владите“ и ги заговараат неопходните реформи во земјите од регионот.

Печати
PDF

Истражување на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки во 2016 год.

on .

Истражувањето кај фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки беше спроведено во периодот ноември-декември 2016 година. Во истражувањето учествуваа 230 фирми од сите поголеми градови во земјата. Ова истражување е седмо редовно истражување кај фирмите за јавните набавки коешто Центарот за граѓански комуникации го спроведува во рамките на мониторингот на јавните набавки од 2009 година наваму. Во оваа анализа се поместени резултатите од последното истражување на фирмите, како и одредени споредби со резултатите од претходните истражувања за да се добие претстава не само за актуелната состојба, туку и за трендовите.

Печати
PDF

Институциите доброволно објавуваат само малку јавни информации

on .

Скопје, 21 септември 2016 година - Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од истражувањето на т.н. активна транспарентност на институциите што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива. Рангирањето ги опфаќа сите 81 општина и градот Скопје, 15-те министерства и Владата на РМ. Процентот на исполнетост на обврските за објавување на јавни информации на сите 97 вклучени институции изнесува 45% (од можни 100%).

Печати
PDF

На тендерите просечно има по 2,5 понудувачи, на е-аукциите учествуваат по 2

on .

СКОПЈЕ, 4 јули, 2016 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво, којшто ги покажа следниве констатации:

  • Истражувањето на пазарот за барањата на техничката спецификација не успеало во ниту еден од случаите. Во 100% од тендерите морало да се бара согласност од Советот на јавни набавки пред да се објави огласот. Во делот на критериумите за учество, истражувањето успеало во 71% од случаите, а во останатите 29% се барала согласност.
  • Бројни примери од мониторингот на тендерите покажуваат голема меѓусебна зависност на проценетата вредност на набавките со крајната цена што се добива на тендерите, но и со поништувањето на постапките. Оттука, им се препорачува на договорните органи да спроведуваат предистражување на пазарот и на условите на него и, воопшто, посериозно да пристапуваат кон определување на проценетата вредност на набавките.
  • Процентот на поништување на тендерите во мониторираниот период и примерок е намален под просекот, иако има примери и на проблематични (не)поништувања на постапки.
  • Конкуренцијата на локалните тендери останува на истото, сè уште ниско ниво од просечно 2,5 понудувачи по тендер, а се намалува процентот на тендери без или само со еден понудувач.
  • Додека процентот на мониторирани тендери во кои се одржала електронска аукција е во пораст споредено со минатиот период, просечниот број на фирми кои фактички учествувале со наддавање на самите е-аукции изнесува само 2.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, Ве молиме контактирајте со Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .