ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - МАК десетти број
Печати
PDF

МАК десетти број

on .

Корупцијата е навлезена и во спортот. И тоа во оној врвниот. Светската фудбалска федерација мораше да суспендира двајца членови од своето раководство откако се обелодени дека ги продале своите гласови за местото на одржување на следното светско првенство во фудбал. Поттикната од сè почестите корупциски скандали на своја територија, Швајцарија, земјата во која своето седиште го имаат многу светски организации, најави заострување на антикорупциската регулатива. На Косово, пак, Владата мораше да се откаже од договорот со една американска фирма за лобирање која била избрана по пат на директно преговарање и без учество на други фирми, но само откако аферата беше обелоденета од медиумите. Светските научници откриваат и докажуваат поврзаност на корупцијата со други општествени појави во земјите од светот, како што се нивото на економски развој, почитување на човековите права и сл., и тврдат дека корупцијата е симптом на длабоки економски и социјални болести во општеството.

Во овој број на месечникот, во целост ги пренесуваме деловите за антикорупција и јавни набавки од последниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија во подготовките за членство во Европската Унија. И кај двете области Европската комисија констатира напредок, но наведува и дека корупцијата е распространета и продолжува да биде сериозен проблем. Кај јавните набавки главно се повторуваат ланските констатации, со тоа што годинава особено се истакнува нискиот капацитет на јавната администрација во оваа област и потребата од зајакнување на системот за правни лекови во јавните набавки.

Во продолжение следи обраќањето на претседателот на Групата земји за борба против корупцијата при Советот на Европа (ГРЕКО), Драго Кос, на темата корупција во јавните набавки, што го имаше на Конференцијата за јавни набавки која се одржа во октомври во Скопје. Тој порачува дека за спречување на корупцијата во јавните набавки треба многу повеќе од добар закон кој ќе ги исполни барањата на директивите на Европската Унија, но не и доволен за да се заштитат јавните пари од корупција. Според Кос, во јавните набавки треба да се вклучат и антикорупциски специјалисти, за да го анализираат постоечкото законодавство од гледна точка на борбата против корупцијата. Кос им порачува оние што одлучуваат за трошењето на јавните финансии да го прават тоа со истата внимателност и со истата одговорност како тогаш кога донесуваат одлуки за своите лични финансии. Од истата конференција пренесуваме и неколку од бројните новинарски текстови што беа објавени по тој повод.

Како што криминалот станува сè поорганизиран и сè повеќе се шири и се развива надвор од границите на една земја, дури и на еден регион, така се наметнува потребата од поголемо организирање и на истражувачките новинари. Но, поради серија причини, ова новинарство се чини дека живее едни од потешките денови во своето постоење. Токму поради тоа, истражувачки новинари, невладини организации и донатори што ги помагаат нивните мрежи, од Молдавија, Романија, Украина, Чешка, Полска, Бугарија, Србија и Македонија, на почетокот од ноември во Кишињев, Молдавија, ги разменија своите искуства и разговараа за идните можности за зголемување на прекуграничната соработка во истражувачкото новинарство.

Се надеваме дека и овој број, кој донесува бројни и разновидни содржини, ќе поттикне кај вас размислувања за преземање мерки како сите заедно повеќе да придонесеме кон намалување на корупцијата во нашето општество, која – како што тврдат научниците, сепак е поврзана и зависи од многу фактори во општеството.

Месечник за антикорупција МАК број 10