ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Има простор за законски измени и за унапредување на јавните набавки во Македонија
Печати
PDF

Има простор за законски измени и за унапредување на јавните набавки во Македонија

Скопје, 18 октомври - Учесниците на конференцијата за јавни набавки која се одржа денеска во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации заеднички заклучија дека има потреба и простор од измени и дополнувања на законската регулатива за јавните набавки во земјава во насока на намалување на злоупотребите во трошењето на јавните пари.

Основа за дискусија беа наодите од  Мониторингот на јавните набавки во Македонија (.pdf) во кои се констатирани главните слабости во процесот на јавните набавки како што се: намалување на интересот на компаниите за учество на тендерите, честото поништување на постапките, користење на спорни елементи во изборот на најповолна понуда, фаворизирање преку дефинирање на тендерските документации итн.

Претседателот на ГРЕКО (Групата земји за борба против корупција при Советот на Европа), Драго Кос го пренесе особено словенечкото искуство во оваа област и понуди неколку мерки за намалување на корупцијата во јавните набавки кои се преземаат во другите земји од ЕУ, меѓу кои вметнување на т.н. антикорупциска клаузула во секој договор за јавни набавки поголем од 10.000 евра и обврска за доставување на имотен лист на сите лица од договорните органи вклучени во јавните набавки.

Дел од учесниците повикаа на предвидување на казнени одредби во самиот закон, барем за престапите од прекршочен карактер, имајќи предвид дека од скоро потешките злоупотреби во јавните набавки се третираат како кривично дело според Кривичниот законик.

Директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска ги претстави досегашните напори на оваа институција за унапредување на системот за јавни набавки, како и планираното воведување во обуките за јавни набавки што ги спроведува бирото на посебен модул за спречување на корупцијата.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 60 учесници од сите засегнати страни во процесот на јавните набавки, како и домашни и странски експерти и претставници на домашни и странски институции и организации.

http://www.flickr.com/photos/cccenter/sets/72157625190398772/

Flickr_albumid=[72157625190398772]