Печати
PDF

Трет квартален извештај за јавните набавки во 2009 година

on .

Анализата на јавните набавки на централно ниво во РМ, во текот на третиот квартал на мониторинг меѓудругото констатираше:

  • Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките;
  • Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари;
  • Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари;
  • Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки;
  • Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија.


Целиот извештај може да се преземе тука (.pdf)