ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - Истражување за 50-те фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки во последните пет години
Печати
PDF

Истражување за 50-те фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки во последните пет години

on .

САМО 10 ФИРМИ, ЗА 5 ГОДИНИ ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ЗА 1 МИЛИЈАРДА ЕВРА

 

Денес, 6 декември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за 50-те фирми кои добиле најмногу пари во јавните набавки во последните пет години (2019-2023 година) и отворената база на податоци за нив. Истражувањето открива дека:

  • Во последните пет години во земјава се склучени договори за јавни набавки во вкупна вредност од 5,8  милијарди евра, а 36 % од нив, односно 2,1 милијарда евра им припаднала само на 50 фирми. Само првите 10 фирми на врвот од оваа листа добиле тендери во вредност од 1 милијарда евра.
  • Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистирбутери на нафтени деривати итн. На дел од компаниите кои се на листата на 50 најголеми добитници на тендери, речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки.
  • Во првите 10 фирми се Марковски Компани Битола, Д-р Пановски, Пуцко Петрол, Алкалоид Конс, Енерџи Деливери Солушнс, Макпетрол, Илинден Струга, Гранит, Македонски телеком и Стентон Градба Битола.
  • Прворангираната фирма, Марковски Компани за 5 години има склучени вкупно 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра. Дури 66 тендери им се склучени со државното претпријатие АД Електрани, во вредност од 141 милион евра.
  • Второпласираната Д-р Пановски во анализираниот петгодишен период има склучено 1.491 договор во вредност од 144 милиони евра.
  • Трета е Пуцко Петрол од с. Пласница со склучени 1.776 договори во вредност од 137 милиони евра.
  • Фирмите кои добиле најголема вредност на тендерите во изминатите 5 години, во најголем дел, се од земјава, и ним им припаднале 95 % од вредноста на тендерите. Само 5 % земале фирми од странство. Притоа, убедливо најголем удел имаат скопските фирми, а по нив битолските.
  • Според дејноста, дури 39 % од вредноста на договорите отпаѓа на градежништвото каде припаѓаат и договорите на АД Електрани за користење на механизација и работници за ископ на јаглен. На второ место се тендерите за набавка на лекови и медицинска опрема во вредност од 559 милиони евра и удел од 27 %. На трето се нафтените деривати со вредност од 297 милиони евра и удел од 14 %. Сите други фирми, согласно дејноста, имаат удел под 10 %.
  • Одредени компании во изминатите пет години имале поголема вредност на добиените тендери отколку вредноста на вкупните приходи што ги оствариле. Ова значи дека договорите се склучени, но побарувањата за нив или сè уште не доспеале или пак не се наплатени. Но, ова секако зборува дека бизнисот на овие компании целосно почива на јавните набавки.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .