| ПРОЕКТ НА USAID ЗА ТРАНСПАРЕНТНО ВЛАДЕЕЊЕ 2009-2012 |
|
|
|
| CCC - Транспарентно владеење |
|
There are no translations available. НВО Инфоцентарот, Центарот за граѓански комуникации и ЕХО, во периодот септември 2009 – август 2012 година, ќе го реализираат „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење“. Тргнувајќи од фактот дека еден од најдобрите начини за борба против корупцијата е поголемата транспарентност, одговорност и отчетност, овој проект ќе придонесе кон заживувањето на механизмите за транспарентност, одговорност и отчетност на локалните власти, кон зајакнувањето на учеството на граѓаните во донесувањето одлуки на локално ниво, како и кон размената на добри практики меѓу локалните самоуправи на национално ниво . Проектот ќе се реализира во три фази: 1. Пилот фазата (септември 2009 - декември 2010), ќе опфати четири општини од источниот регион: Штип, Струмица, Виница и Свети Николе, а ќе се состои од следните активности: Истражување за практиките во локалната заедница, со кое ќе се идентификуваат слабостите и недостатоците на јавното менаџирање, граѓанското вклучување во работата на локалните власти, а исто така и, задоволството на граѓаните и бизнис секторот од локалното управување и услугите на локалните служби. Во Штип, Струмица, Свети Николе и Виница ќе бидат организирани дебати за локалните власти, бизнис секторот, граѓанските организации и експертите, со цел да се добијат конкретни препораки за поуспешно локално управување, како и за подобрување на соработката меѓу сите заинтересирани страни на локално ниво. Врз основа на препораките ќе се организираат и обуки наменети за претставниците на локалната власт. Во оваа фаза ќе бидат воспоставени и Центри за набљудување на работата на локалната власт, во Штип, Струмица, Свети Николе и Виница. Центрите ќе претставуваат клучни точки за мерење на задоволството на граѓаните од услугите на општинските служби. Центрите ќе бидат лоцирани во канцелариите на граѓанските асоцијации ЕХО во Штип, Организација на жени во Струмица, Организација на жени во Свети Николе и ИНИ во Виница. 2. Втората фаза, (јануари - декември 2011) ќе овозможи сите добри практики и искуства од општините Штип, Струмица, Свети Николе и Виница да се пренесат во неколку скопски општини, како и во неколку мултиетнички заедници во останатите делови на Македонија. 3. Проектот ќе заврши со третата фаза (јануари - август 2012), во чии рамки ќе биде организирана Национална конференција посветена на одговорноста на локалните власти и антикорупциските практики, На крајот ќе бидат подготвени и дистрибуирани до сите релевантни институции препораки-политики за транспарентно, отчетно и одговорно владеење на локално ниво. |