ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Вести

Вести

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија


СКОПЈЕ, 4 септември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година. Некои од клучните наоди се:

•    Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН). Во првото полугодие од 2014 година се доставени 330 жалби што претставува зголемување за 13,4%  во однос на истиот период лани. Воедно, за првпат по неколку години, во донесените решенија на ДКЖЈН доминираат одлуки за прифаќање на жалбите.
•    Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлањето на нивните понуди се административни пропусти, како и неисполнување на поставените услови во тендерската документација.
•    Новите законски решенија кои стапија на сила од јануари 2014 година ги дадоа очекуваните резултати во однос на намалување на преговарањата без претходно објавување на оглас, но сè уште се неефикасни во однос на намалување на поништувањата. Во вториот квартал од 2014 година со преговарање се склучени договори во вредност од 10,5 милиони евра, а поништени се 22,4% од огласените тендери.
•    Конкуренцијата на тендерите и натаму не е на задоволително ниво. Електронска аукција беше одржана во 47% од постапките во мониторираниот примерок.

Филтер по Наслови
Прикажи #
# Наслов на артиклот Кликови
21 Конкуренцијата на тендерите останува ниска 6425
22 Малата конкуренција ги зголемува разликите во цените по кои државните институции купуваат исти производи и услуги 7373
23 Огромни разлики во цените по кои институциите купуваат исти производи и услуги 6712
24 Ново издание на „Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки“ 6824
25 Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија 6386
26 Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител 6265
27 Извештај од мониторинг на јавните набавки на локално ниво: Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи 8270
28 Јавните набавки во регионот: законите различни, проблемите исти 6465
29 Анкета со фирмите за нивното искуство во јавните набавки 6259
30 Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки 6393
31 Микропретпријатија од 36 општини се обучуваат за јавните набавки 6316
32 Институциите за исти производи и услуги плаќаат цени со големи разлики 6227
33 Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија 6373
34 Наоди од мониторингот на јавните набавки во Македонија 6035
35 Помошта од УСАИД за микропретпријатијата се проширува во североисточниот регион 6315
36 Најнови резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија 6556
37 Малите фирми сметаат дека задоцнетото плаќање, кратките рокови и условите за учество се главни проблеми во набавките на локално ниво 6399
38 Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија 6559
39 Работни состаноци за примена на препораките за полесен пристап на микропретпријатијата до јавните набавки 6085
40 Олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки 6819