ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Вести

Вести

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија


СКОПЈЕ, 4 септември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од април до јуни 2014 година. Некои од клучните наоди се:

•    Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН). Во првото полугодие од 2014 година се доставени 330 жалби што претставува зголемување за 13,4%  во однос на истиот период лани. Воедно, за првпат по неколку години, во донесените решенија на ДКЖЈН доминираат одлуки за прифаќање на жалбите.
•    Голем дел од фирмите кои учествуваат на тендерите не успеваат со своите понуди да стигнат до фазата на евалуација. Притоа, причини за отфрлањето на нивните понуди се административни пропусти, како и неисполнување на поставените услови во тендерската документација.
•    Новите законски решенија кои стапија на сила од јануари 2014 година ги дадоа очекуваните резултати во однос на намалување на преговарањата без претходно објавување на оглас, но сè уште се неефикасни во однос на намалување на поништувањата. Во вториот квартал од 2014 година со преговарање се склучени договори во вредност од 10,5 милиони евра, а поништени се 22,4% од огласените тендери.
•    Конкуренцијата на тендерите и натаму не е на задоволително ниво. Електронска аукција беше одржана во 47% од постапките во мониторираниот примерок.

Филтер по Наслови
Прикажи #
# Наслов на артиклот Кликови
61 Панел-дискусија „Пристапот до информации– извор за поквалитетно информирање“ 7079
62 Резултати од мониторингот на јавните набавки (трет квартал 2011) 5913
63 Високи разлики во цените по кои институциите купуваат исти производи и услуги 5093
64 Невладините организации се залагаат за поголема улога во општеството 6469
65 Новинарите се свесни за проблемите, бараат услови и простор за истражување 5147
66 Резултати од мониторингот на јавните набавки и од индексот на рационалност во трошењето јавни пари 5041
67 Резултати од мониторингот на јавните набавки и индекс на рационалност во трошењето јавни пари 5022
68 Резултати од мониторингот на јавните набавки 5227
69 Има простор за законски измени и за унапредување на јавните набавки во Македонија 5447
70 Прв квартален извештај за јавните набавки во 2010 година 4796
71 Обука за истражување на јавните набавки за новинари од локалните медиуми 4862
72 Покана за новинари за доставување предлози за истражувачки приказни од областа на јавните набавки 5402
73 Обука за истражување и известување за јавни набавки 4926
74 Наши заклучоци дел од Извештајот на Стејт Департмент 4813
75 Годишен извештај за јавните набавки 4960
76 Најава - КОНФЕРЕНЦИЈА за јавните набавки во РМ 5498
77 Недоволна транспарентност и отчетност на државните институции за јавните набавки 4764
78 Државата треба да ја зголеми контролата врз јавните набавки 5036
79 Обука за истражување и известување за корупција 4930
80 Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија 4791