Завршени проекти
Проект за транспарентно владеење (2009-2013)
Проектот развива механизми за зголемување на транспарентноста, отчетноста и одговорноста на локалните самоуправи во Македонија, поттикнување на поголемо учество на граѓаните и на локалната бизнис заедница во процесот на одлучување во локалните самоуправи и размена на најдобри практики и искуства меѓу опшините како во земјава, така и во регионот. Проектните активности придонесуваат кон намалување на нивото на корупција во локалните заедници и кон засилување на довербата на граѓаните и бизнис претставниците во локалните власти.
Пристапот до информации - извор за поквалитетно информирање (2012-2013)
Проектот треба да им овозможи на македонските новинари поголемо и поефективно користење на јавно достапните информации во насока на унапредување на квалитетот на информирањето и промовирање на слободата на изразувањето и независноста на медиуми.
Проектот е финансиран од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а се спроведува во партнерство со Access Info Europe од Шпанија и Балканската истражувачка мрежа на новинари - БИРН од Македонија.
Кон ефикасни механизми на јавните набавки во (потенцијалните) земјите-кандидати за членство во ЕУ (2013-2016)
Целта на проектот е да ги зајакне процесите на јавните набавки во земјите од Западен Балкан, поточно Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е подржан од Европската Унија преку програмата за партнерства за граѓанското општество, буџетска ставка: 22.020701 – Регионални и хоризонтални програми.
Водечка организација на проектот е Фондацијата за отворено општество Србија, а партнери во проектот се: Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Центар за граѓански комуникации, Македонија, Мрежа за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора, Центарот за развој на непрофитниот сектор, Србија и Фондација отворено општество Словачка.