ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - Вести
Печати
PDF

Предложени мерките за намалување на корупцијата во образованието

Центарот за граѓански комуникации дефинираше низа мерки што треба да се преземат за стеснување на просторот за корупција во образованието и ги достави до медиумите и надлежните институции во земјата. Центарот им препорачува на сите релевантни институции да ги преземат предложените мерки во светло на генералните заложби за намалување на корупцијата во Република Македонија.

Печати
PDF

Предлог мерки за намалување на корупцијата во образованието

Центарот за граѓански комуникации работи на систематизација и приоретизација на мерките за стеснување на простор за корупција во образованието кои беа предложени на работилницата која се одржа на 16 јануари 2008. На петтата од планираните шест работилници, за потребата од преземање на соодветни мерки за намалување на корупцијата во образованието, дискутираа домашни експерти и претставници на надлежните институции.

Печати
PDF

Прирачник за новинари за истражување и известување за корупцијата

Имајќи ја предвид големата улога што медиумите ја имаат во борба против корупцијата и во зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на јавните институции, Центарот за граѓански комуникации се надева дека преку укажување на постоечките форми на корупција и афирмација на истражувачките техники ќе придонесе во зголемување на интересот кај новинарите и медиумите за истражување на корупцијата. За таа цел, Центарот, во декември 2007, издаде Прирачник за новинари за истражување и известување за корупција кој упатува на последиците од корупцијата и улогата на медиумите во нејзиното сузбивање.

Печати
PDF

Mерки за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација

Центарот за граѓански комуникации ги достави мерките за стеснување на просторот за корупција во јавната администрација до надлежните институции и медиуми во земјата. Мерките беа дефинирани на работилницата која се оддржа на 24 октомври, а беа предложени од домашни експерти и претставници на надлежните институции.

Мерките главно се насочени кон: професионализација на јавната администрација; вработување и унапредување на државни службеници само врз основа на работното искуство, знаењето и остварените резултати; намалување на дискреционите права на раководителите на државните институции за избор на вработените; воведување на систем на награди и казни за државните службеници; ограничување на просторот на разни комисии да одлучуваат арбитрарно; јасно дефинирање, усогласување, унифицирање и објавување на сите услови и документи што се потребни за добивање на услугите од јавната администрација, како и автоматизација на одредени услуги. Центарот им препорачува на сите релевантни институции да ги преземат мерките во интерес на генералните заложби за намалување на корупцијата во Република Македонија.

 

Печати
PDF

Предлог мерки за стеснување на просторот за корупција во бесправното градење

Центарот за граѓански комуникации на 02 октомври ги достави предлог мерките за стеснување на просторот за корупција во бесправното градење до надлежните институции и медиуми во земјата. Мерките беа предложени и дискутирани на третата работилница која ја организараше Центарот во текот на месецот септември.

Предложените мерки главно се во насока на: засилување и заострување на инспекциските контроли; поефикасно справување и санкционирање на проблемот со бесправните градби, како и зголемување на ризичноста и бесперспективноста на бесправното градење.