ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Малата конкуренција ги зголемува разликите во цените по кои државните институции купуваат исти производи и услуги
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Малата конкуренција ги зголемува разликите во цените по кои државните институции купуваат исти производи и услуги

on .

СКОПЈЕ, 25 август 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 13 во кој се споредени цените по кои се купувани авионска дезинсекција на комарци, системи за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспорт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на системите за електронска евиденција на работно време, а најмала кај контејнерите за отпад.

Поконкретно евидентирани се следните разлики:

  • авионската дезинсекција на комарци ги чинела институциите од 176 до 606 денари за еден хектар, со што највисоката цена е за дури 244% повисока од најниската;
  • системите за електронска евиденција на работното време се купувани по цени кои се движат од 43.200 ден. до 160.000 ден. за еден систем, со што највисоката цена е за дури 270% повисока од најниската;
  • контејнерите за отпад (метални 1,1 м3) се купувани по цени кои се движат од 12.383 до 18.502 денари, што значи дека највисоката цена е за 49% повисока од најниската;
  • собирањето, транспортот и уништувањето на медицински отпад ги чинело здравствените институции од 41 до 95 ден. за килограм, со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 132% поголема од најниската цена и
  • пилешкиот стек е купуван по цени кои се движеле од 172 до 315 ден. за килограм, со што највисоката цена е за 83% повисока од најниската.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

 

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.