ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Опаѓа и онака малата конкуренција кај локалните тендери
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Опаѓа и онака малата конкуренција кај локалните тендери

СКОПЈЕ, 31 декември, 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2014 година до март 2015 година кој ги покажа следниве констатации:

- Ниската конкуренција кај тендерите на локално ниво и натаму се намалува, и покрај серијата законски измени коишто требаше да влијаат во спротивна насока и да го зголемат бројот на учесници во постапките за јавни набавки. На мониторираните тендери имаше просечно по 2,4 понудувачи, а 57% од тендерите имаа ниедна или само една понуда.

- Иако е законски задолжителна за сите тендери, е-аукција имало само во 53% од мониторираните постапки. Ниската конкуренција на тендерите и ’најниската цена‘ како единствен критериум само ќе го заоструваат проблемот со неодржувањето на електронските аукции, на кои би требало да се намалуваат првобитно понудените цени.

- Процентот на поништување на мониторираните тендери се задржува на високо ниво од 20%, што е пораст во однос на претходните една до две години, кога изнесуваше околу 15%. И натаму главна причина за поништувањето останува да биде тоа што понудувачите понудиле понеповолни цени од оние што ги очекувал или ги планирал договорниот орган.

- Несоодветноста на ’најниската цена‘ како единствен критериум за доделување на договорот е најголем проблем со кој се соочуваат фирмите на тендерите на локално ниво. Повеќе од половината од анкетираните фирми се соочуваат со задоцнета наплата во јавните набавки.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.