seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Документ за јавни политики

on .

Честото поништување на тендерите како еден од најголемите проблеми во јавните набавки

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Проблемот со масовното поништување на тендерите не стивна со ниту една од неколкуте преземени мерки, и во минатото и сега – со новиот Закон за јавните набавки, каде што се намалија законските основи за поништување на еден тендер. Ова покажува дека институциите многу лесно и секојдневно посегнуваат по поништување на тендерите кога нешто нема да излезе како што тие сакаат, бидејќи од анализите не може да се сфати дека при поништувањето биле водени од идејата да го бранат јавниот интерес во постапките за јавни набавки.

Поништувањето на тендерите ги одложува набавките на потребните стоки, работи и услуги; создава дополнителни трошоци за повторување на постапката; ја зголемува економската и правната неизвесност кај фирмите и ја поткопува довербата во јавните набавки поради верувањето дека тендерот се поништува бидејќи не може да се намести.