ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Извештај од мониторинг на јавните набавки на локално ниво: Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи
Печати
PDF

Извештај од мониторинг на јавните набавки на локално ниво: Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи

Извештај од мониторинг на јавните набавки на локално ниво: Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи

СКОПЈЕ, 16 март, 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2014 година кој ги покажа следниве констатации:

-Долгоочекуваната и, за фирмите, посакувана новина во јавните набавки – задолжителното објавување на проценетата вредност на набавките, се чини дека за договорните органи е сè уште жежок костен во рацете со којшто, голем дел од нив, не знаат како да се справуваат. Имено, бројни се примерите на тендери во кои настанале одредени проблеми при спроведувањето, а причините за тоа да водат до проценетата вредност на набавката.

-Серијата измени во регулативата на јавните набавки, барем во првите месеци од примената, не влијаеле врз зголемување на конкуренцијата кај тендерите на локално ниво. Просечно, на мониторираните тендери, имало  по 2,7 понудувачи, а 38% од тендерите биле со една или со ниедна понуда.

-По повеќе од двегодишно стабилизирање на околу 15%, поништувањето на тендерите на локално ниво повторно е во пораст и изнесува 20%. За разлика од порано, кога главна причина за поништувањето беше немањето понуди, сега главна причина се неповолните цени.

-Просечното времетраење на постапките за јавни набавки од мониторираниот примерок – од објавување на огласот до склучување на договорот – изнесува 33 дена, што е мало подобрување во однос на претходниот период. Но, се зголемува времетраењето на тендерите воопшто – од донесувањето на одлуката да се набави нешто до склучувањето на договорот.

-Во некои набавки, предметот на набавка е толку детално специфициран што упатува на конкретен производ, иако е тоа законски забрането и ограничено и постојано се укажува дека е лоша практика која фаворизира одредени понудувачи.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.