ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Истражувачко новинарство за поттикнување реформи (2016-2018)
Печати
PDF

Истражувачко новинарство за поттикнување реформи (2016-2018)

on .

Со проектот ќе се создадат јадро на добро обучени истражувачки новинари, како и мрежа од локални граѓански организации од земјата кои преку нивната работа и во соработка со новинарите ќе придонесат кон подобрување на истражувачкото новинарско известување и кон подобро информирана јавност.

Се очекува проектот да придонесе за: поквалитетно и покредибилно истражувачко новинарство преку унапредување на знаењата, вештините и алатките за истражување на новинарите за продлабочено известување, засновано врз факти; изградено оперативно и ефикасно партнерство меѓу граѓанските организации и медиумите за поголема достапност на информации засновани врз темелно и конзистенство истражувачко новинарство; креирани десетици бази на податоци од страна на граѓански организации за поддршка на нивните активности и за создавање ресурси за истражувачко новинарство; подобро и посуштински информирани граѓани за важни прашања при носењето одлуки. Проектот е финансиран од Европската Унија преку IPA Civil Society Facility and Media Programme 2014 со број ИПА/2015/370-731 и во вкупна вредност од 294.812 евра.