ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - Истражување за (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјава
Печати
PDF

Истражување за (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјава

on .

Денес, 22 декември 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави Извештајот од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција и Документот со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот.

Клучните наоди од истражувањето вклучуваат:

* Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ набавки иако Законот за јавните набавки тоа го овозможува и поттикнува.

* Институциите не ги почитуваат ниту малиот број мерки донесени од Владата со кои преку јавните набавки треба да се влијание врз заштита на животната средина.
* Иако уште во декември 2019 година Владата реши да набавува вода во стаклени шишиња, 90 % од водата што ја купуваат институциите е во пластични шишиња, за што годишно се трошат околу половина милион евра.
* Иако е обврска, институциите не бараат од понудувачите докази дека преземаат мерки за создадениот отпад од производите што ги продаваат.
* И покрај заклучокот на Владата да се набавуваат „еколошки возила“, на годишно ниво дури 94 % од купените возила се на дизел или бензин.
* Не се бара еколошки карактеристики или ознаки ниту кај набавките на производи кои директно ја загадуваат животната средина како што се средствата за чистење, тонерите, печатарите итн.
* „Зелени“ аспекти во набавки отсуствуваат од почетокот на постапките – планирањето на набавките, преку описот на производите и критериумите за избор – се до реализацијата на договорите.
* На тендерите поврзани со заштита на животната средина има просечно по 2 понуди по тендер со што конкуренцијата е пониска отколку на другите тендери во земјава.
* Правото на дискрециско постапување во однос на тоа дали ќе се почитуваат еколошките ознаки во набавките, дали ќе се применуваат стандардите за заштита на животната средина и дали доследно ќе се почитуваат препораките на Владата претставува плодно тло за надворешни влијанија и, оттука, и за корупција.
* Земјата треба итно да донесе политика за зелени јавни набавки која ќе биде задолжителна за спроведување од сите државни институции.

Истражувањето, проследено со Документ за јавни политики кои содржи предлози за поголема примена на зелените набавки, се изготвени во рамките на проектот „Приспособување кон климатските промени преку спречување на корупцијата во јавните набавки“. Проектот го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.