ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Мапирање на состојбата со објектите за спорт во општините
Print
PDF

Мапирање на состојбата со објектите за спорт во општините

on .

There are no translations available.

ОПШТИНИТЕ И УЧИЛИШТАТА ГИ ДОДЕЛУВААТ НА КОРИСТЕЊЕ ОБЈЕКТИТЕ ЗА СПОРТ ВО НЕТРАНСПАРЕНТНИ ПОСТАПКИ

Преземете го истражувањето на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика:

Денес, 13 септември 2023 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето - Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип.

Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување.

Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

  • Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт без претходно објавување јавни повици со прецизно утврдени услови, критериуми и цени. Наместо тоа, објектите се доделуваат на користење врз основа на добиени барања од спортски клубови, здруженија на граѓани и други заинтересирани лица. Ова остава простор за волунтаристичко постапување и за неправилно и несоодветно користење на објектите за спорт.
  • Општините не располагаат со една третина од објектите за спорт бидејќи тие им се дадени на трајно користење, но со претходно склучени долгорочни договори со приватни фирми од страна на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РСМ.
  • Објектите за спорт во локалните средини, недоволно се користат за спортски активности. Од 42-та објекти за спорт со кои располагаат 8-те општини, само десет се доделени на користење на правни и физички лица. Училиштата во овие општини, пак, имаат 124 објекти за спорт, од кои за користење се издаваат само 46. Ова говори за слабости во менаџирањето и оневозможување објектите за спорт да се користат од што е можно поголем дел од локалното население и да генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување.
  • Своите објекти за спорт општините главно ги доделуваат на користење на локалните спортски клубови без надоместок. За разлика од општините, сите училишта што ги издаваат своите спортски сали и објекти наплатуваат за таа услуга. Цените за користење на училишните спортски сали се движат од 200 до 1.300 денари од час.

Ова истражување е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“  со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it .