ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Истражување на последиците од кризата во 2022 во буџетите на општините
Печати
PDF

Истражување на последиците од кризата во 2022 во буџетите на општините

on .

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ БУЏЕТСКИ ТРОШОЦИ НА ОПШТИНИТЕ ОД КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА ВРЗ ОБЛАСТИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза.

Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети.

За време на оваа голема енергетска криза кога цените на енергијата, но и на сите останати производи, се вивнаа до плафон, достигнувајќи годишна стапка на инфлација речиси до 20 % во октомври лани, општините со ребалансите всушност ги зголемиле своите планови за трошење, но за тековни потреби.

Почетните буџети на општините во 2022 година изнесувале 45.050.433.609 денари (732.527.375 евра). Со ребалансите на буџетите, оваа сума е дури зголемена за 5,24 %, односно за 2.361.703.989 денари (38.401.691 евра). Со тоа, вкупниот буџет на сите ЕЛС достигнал 47.412.137.598 денари (770.929.066 евра), но, на крајот од годината, реализирани се 83,73 % од оваа сума, односно 39.697.534.979 денари (645.488.374 евра).