ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications - Повик за истражувачки стории за новинари од локални медиуми
Печати
PDF

Повик за истражувачки стории за новинари од локални медиуми

on .

Скопје, 1 март 2024 година: Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Во рамките на овој повик 3 новинари од локални медиуми од општините Битола, Кичево и Неготино ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени кон прашањата поврзани со транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните власти, како и на проблемите предизвикани од корупцијата. Областите за истражување може да бидат - јавните набавки, доделувањето на градежни дозволи, продажбата на градежно земјиште, користењето на спортските објекти, доделувањето средства од буџетот на општините, транспарентност во работењето на локалните институции, работењето на локалните јавни претпријатија итн.

Преку поддршката на истражувачките стории ќе се даде придонес кон остварување на целта на проектот „Заштита од корупција“, а тоа е намалување на корупцијата и злоупотребите на јавните средства на локалната самоуправа преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритет на локалните институции и имплементација на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година.

Заинтересираните новинари треба да развијат и да разработат предлог за истражувачка сторија во дадената Апликација за истражувачка сторија, што може да се симне ТУКА. Во прилог на апликацијата треба да се достави и куса биографија на новинарот.

Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози за истражувачки стории, но на еден кандидат може да му биде прифатен само еден предлог. Право на пријавување на конкурсот имаат сите новинари од локалните медиуми во општините Битола, Кичево и Неготино без разлика дали се вработени во медиумот.

Секој од избраните три најдобри предлози за истражувачки стории ќе биде награден со бруто износ од 30.800 денари.

Рокот за спроведување на истражувањето и за објавување на истражувачката сторија е 31.05.2024 година.

Од кандидатите се очекува посветеност на истражувањето и остварување на сите обврски поврзани со истражувањето како што се: придржување до новинарските етички и професионални стандарди, одржување постојана комуникација со претставниците на ЦГК и објавување на сторијата во локален медиум (во којшто апликантот работи или со којшто соработува).

Краен рок за доставување на апликациите: 18.03.2024 година.

Апликациите треба да се достават на следната електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите со напомена: Повик за истражувачки стории во рамки на проектот Заштита од корупција.

Проектот „Заштита од корупција“се спроведува со финансиска поддршка од Амабасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

АПЛИКАЦИЈА