Истражување на јавните набавки за и околу изборите
ТЕНДЕРОТ ЗА ГЛАСАЊЕТО НА ДИЈАСПОРАТА Е ПОГОЛЕМ ОД ПЕЧАТЕЊЕТО НА ЛИВЧИЊАТА ЗА СИТЕ ГЛАСАЧИ
Денес, 10 јуни 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Изборите и јавни набавки. Истражувањето покажа дека:
» Државната изборна комисија (ДИК), за спроведување на последните претседателски и парламентарни избори, склучила 22 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 213.625.656 денари, односно 3.473.588 милиони евра, заклучно со 20 мај 2024 година.
» Тендерите на ДИК за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава чинеле 767 илјади евра повеќе отколку збирот на тендерите за овие избори кога се спровеле поединечно во 2019 и 2020 година.
» Гласањето на дијаспората чинело повеќе отколку печатењето на ливчињата за сите гласачи.
» Дури 41 % од договорите за јавни набавки поврзани со изборите, ДИК ги склучила во постапка со директно преговарање, без оглас.
» Во групата фирми кои традиционално ги добиваат тендерите на ДИК се издвојуваат три фирми.
» Во годините кога има парламентарни избори, вредноста на јавните набавки во земјата достигнува рекордно ниво. За годинашните избори – се антиципирало во ланските набавки.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .