ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - За нас
Печати
PDF

За нас

on .

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето седумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции.

Во оваа насока, ЦГК досега има изработено и предложено неколку стотини конкретни препораки за преземање мерки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалните власти, има обучено повеќе од 250 новинари од националните и од локалните медиуми за истражување и известување за корупција, исто толку претставници на граѓанските организации, а и има објавено и дваесетина истражувања и прирачници. Претставници на ЦГК редовно учествуваат на работилници и во експертски групи за креирање стратегии и мерки за борба против корупцијата и за други прашања од областите на делување на ЦГК.

Нашата визија е ЦГК да биде докажан општествен чинител во демократизација на македонското општество, подобро информирање на граѓаните и транспарентно и одговорно владеење.



ТИМ:

Герман Филков
претседател, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Сабина Факиќ
програмска директорка, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 


Весна Трајковиќ
финансискo-административна координаторка, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Павлинка Стрезоска
проектна координаторка, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Елмир Факиќ
проектен координатор, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Марко Митевски
проектен координатор, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

 


Славица Ќучукова Николова
проектна координаторка, Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите