ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Вести
Печати
PDF

Најава - КОНФЕРЕНЦИЈА за јавните набавки во РМ

Центарот за граѓански комуникации ве поканува да учествувате на конференцијата за јавните набавки на која ќе се објави „Годишниот извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки во РМ“. Конференцијата ќе се одржи на 22 февруари 2010 година (понеделник), во хотелот Холидеј Ин (сала Милениум 2), во Скопје, во периодот од 11.00 до 13.00 часот.

На конференцијата ќе присуствуваат претставници на сите институции и организации вклучени во процесот на јавни набавки кои ќе изнесат свои ставови и мислења за наодите од мониторингот на овој многу значаен процес. Целта е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот закон и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства при јавните набавки.

Вашето присуство ќе придонесе кон обидите за унапредување на оваа исклучително значајна област. Вашето присуство потврдете го кај лицето за контакт Елена Ристевска на 02/3213-513 или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Печати
PDF

Недоволна транспарентност и отчетност на државните институции за јавните набавки

flickr_albumid=[72157623090003191]

Центарот за граѓански комуникации на 29 декември 2009 година го презентираше четвртиот квартален Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки (.pdf), кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на правната заштита во постапките за јавни набавки. Во извештајот, меѓу другото, се констатира:

  • Наспроти законската обврска, некои државни институции, меѓу кои и министерства, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавна набавка до Бирото за јавни набавки.
  • Се зголемува бројот на државни институции кои до Бирото за јавни набавки не доставуваат податоци за направените трошења до 20.000 евра за набавка на стоки и услуги, односно до 50.000 евра за набавка на работи.
  • Се продлабочува проблемот со одолговлекување на донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Од вкупно 40 мониторирани постапки за јавни набавки во овој квартал, одлука за избор на најповолна понуда не е донесена во дури 13 случаи (33%), а временското одолговлекување на донесување одлука во овие постапки се движи од 50 до 120 дена.
  • Се ублажува проблемот со поништување на постапките за јавни набавки. Од мониторираните 40 постапки за јавни набавки, целосно или делумно се поништени 7 постапки или 17,5%, што претставува извесно ублажување на овој проблем во однос на претходниот квартал, кога беа поништени 25% од постапките.
  • Иако зголемено, користењето на електронскиот систем за јавни набавки во последниот квартал од 2009 година сè уште не е на задоволително ниво. Во 2009 година, преку Електронскиот систем за јавни набавки се спроведени само 2,5% од постапките, со што се доведува во прашање подготвеноста за остварување на законската обврска – од идната година, уделот на електронските аукции да изнесува 30% од вкупната вредност на јавните набавки.
  • Пораст на бројот на жалби по јавни набавки од страна на фирмите во последните 6 месеци. Економските оператори (фирмите) сè почесто ги оспоруваат одлуките за избор на најповолен понудувач на договорните органи (државните институции). Притоа, ДКЖЈН сè почесто ги уважува жалбите, односно ги наоѓа за основани (се уважува секоја четврта жалба). Ова укажува на фактот дека договорните органи сè повеќе ги прекршуваат законските одредби, односно прават грешки во постапките.

На презентацијата на извештајот, претставниците на експертскиот тим, г-ѓа Вања Михајлова и г. Мирослав Трајановски ја нагласија потребата од предвидување на санкции за договорните органи за непочитување на Законот за јавни набавки и од засилување на контролната функција на Бирото за јавни набавки. Трајановски подвлече дека “уставниот и правниот систем, како и правната култура во Македонија задолжително предвидуваат казнени одредби кога во нормативниот дел од законот се предвидени и овбрски, што не е случај и со Законот за јавни набавки“. „Оттука, според Михајлова, во евентуалните измени на Законот за јавни набавки треба да се стесни просторот за манипулации и фаворизирање на одредени понудувачи“.

Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за потрошените средства кај набавките.

Печати
PDF

Државата треба да ја зголеми контролата врз јавните набавки

Центарот за граѓански комуникации на 22 октомври 2009 го презентираше Извештајот за резултатите од мониторингот на процесот на јавните набавки (.pdf), кој покрај редовната анализа на постапките за јавни набавки, содржи и анализа на контролата и заштитата во областа на јавните набавки, меѓу другото, се констатира:

  • Зголемување на трендот на поништување на постапките за јавни набавки на 25% од мониторираните набавки, иако на поништените набавки учествувале просечно по 5 фирми-понудувачи, што фрла сомнеж врз мотивите за поништување на постапките;
  • Во 40% од мониторираните постапки се користени „манипулативни“ елементи за избор на најповолна понуда како рок на испорака и плаќање, гаранција, референтна листа и сл., со што се доведува во прашање обезбедувањето на принципот на рационално и ефикасно трошење на јавните пари;
  • Многу ниско ниво на учество на електронските набавки од само 1%, што укажува на неподготвеност да се исполни законската обврска – од 2010 година електронскиот систем да се користи во 30% од набавките, како начин на намалување на корупцијата и заштита на буџетски пари;
  • Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки;
  • Административните тела за следење и унапредување на процесот на јавни набавки во земјите од регионот имаат овластувања да вршат и надзор над самиот процес на јавни набавки, што не е случај со Македонија.

Претставувајќи ги резултатите од мониторингот и од анализата на контролата во јавните набавки, претставниците на експертскиот тим, г-ѓа Вања Михајлова и г. Мирослав Трајановски нагласија дека државата треба да ја засили контролата врз процесот на јавни набавки со што би се надминала сегашната состојба на исклучително мал број постапки за јавни набавки кои имаат судски епилог.

Извештајот, меѓу другото им препорачува на надлежните органи и институции да ги преземат следниве мерки за подобрување на системот за јавни набавки:

  • Да се засили улогата на Бирото за јавни набавки со доделување на овластувања да врши надзор над процесот на јавни набавки, а неговите препораки и инструкции да имаат обврзувачки карактер;
  • Во Законот за јавни набавки да се вградат казнени и прекршочни одредби како што е праксата во земјите од регионот, а е во согласност и со македонската законодавна практика;
  • Да се воведат контроли за основаноста при поништување на постапките и да се стесни широко поставената законска рамка за поништување на постапките за јавни набавки;
  • Бирото за јавни набавки да дефинира препораки за попрецизно определување на критериумите за избор на најповолна понуда за да се намали сегашната можност за субјективизам и манипулации.

Целта на мониторингот е да се оцени како се спроведува процесот на јавни набавки во РМ во светло на новиот Закон за јавни набавки и дали и колку функционираат основните принципи на јавните набавки: транспарентност, конкурентност, еднаков третман на економските оператори, недискриминација, законитост, економично, ефикасно, ефективно и рационално користење на буџетските средства, настојување да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетност за  потрошените средства кај набавките.

Печати
PDF

Обука за истражување и известување за корупција

flickr_albumid=[72157622903417819]

Дванаесет новинари од македонските национални печатени и електронски медиуми од 16 до 18 октомври 2009 година, во Охрид, учествуваа на тренингот за истражување и известување за корупцијата кој се спроведе во рамките на проектот за „Зајакнување на улогата на медиумите во борба против корупцијата“.

Преку интерактивни презентации и дискусија тренерите од ЦГК, Сабина Факиќ и Герман Филков, зборуваа за областите кои се најранливи на корупција во Македонија, за методите за истражување на корупцијата, фазите и чекорите во истражувањето и начинот на известување за корупција. Меѓу темите на обуката, посебно внимание се посвети на наоѓањето извори и докази за коруптивните активности, како и одржувањето на тие извори.

Најмногу прашања до експертите, Никола Тупанчески, професор по кривично право и Вања Михајлова, антикорупциски експерт се однесуваа за начинот на известување и објавување на сознанијата за корупција без притоа да се изложат на опасноста од судење.

Пред завршување на тренингот, новинарите дискутираа за корупциски теми кои ќе ги истражуваат во нивната секојдневна работа. Истражувачките приказни кои ќе бидат објавени во медиуми ќе бидат објавени и на страницата на Центарот во делот Мрежа на новинари истражувачи.

Оваа активност беше овозможена со поддршка од Институтот за трајни заедници (ИТЗ) преку фондови на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД).

Печати
PDF

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија

Центарот за граѓански комуникации на 30 јуни, 2009 ги претстави резултатите од  Мониторингот на медиумското известување за корупција во Македонија(.pdf). Претставник на Центарот, Герман Филков ги претстави резултатите од мониторингот и ја водеше дискусијата со претставниците на најрелевантните македонски медиуми.

Освен претставување на резултатите од мониторингот, работилницата со уредниците помогна од неа да произлезат и заеднички препораки за натамошно унапредување на начинот на кој медиумите известуваат за овој многу сериозен проблем, со што ќе се подобри нивната важна улога во борбата против корупцијата во Македонија.