ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications - Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки
seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online seriale online filme online filme porno
Печати

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки

on .

Истражување и анализа: Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственоста на Владата и на општините

Предмет на анализа се јавните набавки на акционерските друштва и на јавните претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Овие 37 претпријатија1 во текот на 2019 година склучиле 3.342 договори за јавни набавки, во вкупна вредност од 15,2 милијарди денари, односно 247 милиони евра. За значајноста на прашањето за јавните набавки токму на овие договорни органи говори податокот дека годишната вредност на нивните набавки во вкупните набавки на Република Северна Македонија во 2019 година изнесува високи 27 %. Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори. Анализата е изготвена врз основа на детален скрининг на 103 постапки за јавни набавки и дополнителна проверка на цените што се постигнати во набавките на дополнителни 64 тендери спроведени од страна на овие акционерски друштва и јавни претпријатија, за изготвување на индексот на рационалност.