Со 770 илјади евра против комарците
За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците. (линк до базата на податоци на сите договори за јавна набавка за комарци).
35 општини со бореле со комарците од земја, односно имале тендери за т.н. терестичко прскање. Други 6 општини, пак, се справувале со комарците од воздух, односно имале тендери за т.н. авионско третирање. 7 општини имале и земјено и воздушно прскање.
Вообичаено, најголем договор за уништување на комарците има Град Скопје, кој лани, за двегодишен третман против комарците од воздух и од земја платил половина милион евра.
Од другите општини, повеќе пари за уништување на комарците платиле оние кои најмиле услуга за авионско прскање и тоа Велес, Кавадарци, Кочани, Куманово и Штип.