Печати
PDF

Оглас за вработување на програмски асистент

on .

Центарот за граѓански комуникации објавува оглас за ангажирање на програмски асистент во организацијата.
Потребни квалификации:

»   Искуство во IT област;
»   Добро познавање на data scraping и data processing;
»   Одлични вештини за визуелизација на податоци и користење на алатки за визуелизација;
»   Познавање од бази на податоци;
»   Одржување (дополнување, промени и надградба) на веќе постоечки веб сајтови изработен во Wordpress и Joomla и одржување на сајт со имплементирана Open Data функционалност;
»   Познавање на хардверски компоненти и мрежни системи;
»   Одлично познавање на MS Office;
»   Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик.

Ќе се смета за предност IT образование, работно искуство во граѓанскиот сектор, истражувања или визуелизација на податоци.

Работното место е на неопределено време, но со пробен период од три месеци, бруто платата е 700 евра.

Биографиите и портфолија (за докажување на претходното искуство) да се испратат на:  Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Рок за пријавување: 20.04.2019 година
Само кандидатите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.

Печати
PDF

Документ за јавни политики

on .

Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста - Состојба, проблеми што треба да се надминат и предлози за унапредување на фазата на планирање на јавните набавки.

Печати
PDF

Зa новогодишно украсување потрошени 615 илјади евра

on .

Денеска, 5 февруари 2019 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2019 година. Базата на податоци открива дека за дочекот на Новата 2019 година се украсија повеќе општини и се потрошија повеќе пари од лани. Локалните власти склучија договори за новогодишно украсување во вкупна вредност од околу 615 илјади евра. Најголем дел од парите завршија кај скопската фирма Линк Медиа Плус која за два договори (со Градот Скопје и со Општина Струмица) ќе добие над 300 илјади евра, а најголем број на договори и тоа дури 11 во вкупна вредност од 185 илјада евра добила фирмата Метал-Вет-Ел од Скопје.

Базата на податоци дава преглед на трошоците за новогодишно украсување во период од 4 години и овозможува споредба дали одредена општина го зголемила или намалила овој трошок. Податоците од оваа база се ставаат на располагање во отворен формат за служат како основа за натамошно користење и истражување.

Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Печати
PDF

Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

on .

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција. Токму поради ова, како во многу други земји така и во Македонија, мноштво институции во системот имаат, барем онака како што е поставено и правно регулирано, одредена улога во борбата против корупцијата во јавните набавки. Но, како и во многу други области така и овде, тој систем генерално не функционира. Документот ја анализира улогата на секоја од вклучените институции во системот и предлага мерки за поефикасна борба против корупцијата во јавните набавки.