ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

30. извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2017)

on .

Фирмите и натаму се незадоволни од јавните набавки

СКОПЈЕ, 13 јуни 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година.

Клучни наоди од анкетирањето на 210 фирми за нивното искуство во јавните набавки, спроведено во периодот февруари-март 2018 година:

  • ’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.
  • Испитаните фирми чекаат просечно по 6 месеци и 21 ден за да ги добијат парите за завршената работа. Пред 2 години просекот изнесуваше 8 месеци, а лани 6 месеци.
  • 95% од фирмите сметаат дека на е-аукциите се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот на набавките во однос на нивната цена.
  • Дури 88% од испитаните фирми сметаат дека има корупција во јавните набавки, но со различна оценка за нивото на нејзината присутност. Најголем дел од фирмите, односно 47%, сметаат дека во јавните набавки има корупција, но ретко; 5% велат секогаш, а 36% често. Само 12% од фирмите се изјасниле дека во јавните набавки никогаш нема корупција.
  • Доминантен дел од фирмите се изјасниле дека во тендерите на кои учествувале, почесто или поретко сведочеле на непочитување на Законот за јавни набавки.
  • Дури 96% од испитаните фирми никогаш или ретко се жалат на тендерите во коишто учествуваат, главно поради високиот надоместок за трошоците во жалбената постапка и недовербата кон ДКЖЈН.
  • Фирмите го оценуваат со 2,85 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) вкупниот процес на јавните набавки во Република Македонија. Споредено со минатото истражување, забележано е влошување на искажаното задоволство на фирмите што учествуваат на тендерите за 0,28 поени и оценката е повторно под 3.

Наоди од мониторингот на јавните набавки:

  • Рекордно ниско ниво на јавните набавки во 2017 година. Вредноста на договорите за јавни набавки склучени во 2017 година изнесуваат 624 милиони евра, наспроти 962 милиони евра во 2016 година.
  • Советот за јавни набавки престана со работа на крајот на ноември 2017 година. Не постојат податоци за ефектот од нивното работење во последните пет месеци од работењето (јули-ноември 2017 година). Специјално формираната комисија во Министерството за финансии не ги достави побараните податоци.
  • Уделот на поништувањето на постапките од 24% на годишно ниво во 2017 година е највисок во периодот од 2013-2017 година.
  • Уделот на тендери на коишто имало задоволително ниво на конкуренција (3 и повеќе учесници) во 2017 година е евидентиран кај само 48% од мониторираните тендери. Уделот на тендери со само една понуда е на најниско ниво во изминатите 4 години и изнесува 21%.
  • Во 2017 година се склучени 496 договори за јавна набавка без објавување оглас, во вкупна вредност од 29 милиони евра. Дури 12 милиони, односно 42% од вкупната вредност на овие договори, им припаѓаат само на две институции, Министерството за образование и наука и АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ).

Наоди од жалбената постапка пред Државната комисија за жалби по јавните набавки за периодот јануари-декември 2017 година:

  • Во 2017 година фирмите доставиле 507 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки (ДКЖЈН), што претставува намалување во однос на минатата година за околу 9%.
  • Најголем дел од жалбите се доставуваат против донесените одлуки за избор на најповолна понуда (65%). Следната значајна основа за доставувањето жалби, со удел од 15%, се однесува на донесените одлуки на договорните органи за поништување на тендерите, додека, пак, 8% од жалбите се однесувале на тендерските документации.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПОВИКОТ за доделување грантови на граѓански организации

on .

ПОВИК

за доделување грантови на граѓански организации

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Фондацијата Фокус во рамките на проектот Мрежа за транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки“, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите 2015, објавуваат повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за спроведување истражување за оценка на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на општините во земјава за 2017 и 2018 година, според однапред утврдена методологија.

Предвидено е да се доделат осум (8) грантови во максимален износ до 7.000 евра по грант (во денарска противвредност од 430.000 денари).

Апликациите да се достават до 28 мај 2018 година, до 12.00 часот, на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите и на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите , со назнака: Network/SG2018.

Проектната документација и детални упатства за аплицирање можат да се преземат на следнве линкови:

 

Повик за доделување грантови со упатство за аплицирање

Прилог 1: Образец за пријавување

Прилог 2: Буџет

Повеќе за проектот и за истражувањето

Печати
PDF

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки

on .

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки. Целата анализа можете да ја преземете овде или да пристапите до електронската верзија на следниов линк.

Печати
PDF

Огромни разлики во цените по кои се купувани исти производи и услуги

on .

СКОПЈЕ, 7 февруари 2018 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 17 во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија.

Сумарно, индексот на рационалност ги даде следните сознанија:

  • летните работни униформи комуналните претпријатија ги купувале по цени од 424 до 2.773 денари, со што највисоката цена е за 554% повисока од најниската;
  • зимските работни униформи од страна на комуналните претпријатија се купувани по цени од 1.124 до 4.602 денари, со што највисоката цена е за дури 309% повисока од најниската;
  • работните обувки – кломпи се купувани по цени од 718 до 2.183 денари, со што највисоката цена е за 204% повисока од најниската;
  • одржувањето на хигиената во внатрешните работни површини ги чинела државните институции од 30 до 103 денари за еден метар квадратен месечно, со што највисоката цена е за 243% повисока од најниската цена и
  • системите за инфузија се купувани од страна на здравствените институции по цени од 5,78 до 9,98 денари за еден систем, со што највисоката цена е за 73% повисока од најниската.

Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво, коишто за овие набавки спровеле 53 тендери во текот на 2016 и во 2017 година. Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Индексот на рационалност е изработен во рамките на Програмата за поддршка на граѓанското општество – Цивика Мобилитас.