Индекс на рационалност 20
Дваесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги: - Заловување кучиња, транспорт до прифатилиште или амбуланта и враќање во реонот;
- Еднодневен престој на куче во прифатилиште;
- Лабораториско испитување на лајшманија;
- Стерилизација (кастрација) на машки кучиња и
- Стерилизација (овариохистероктомија) на женски кучиња.
Во изработката на Индексот на рационалност за овие услуги се вклучени 28 институции на локално ниво кои во текот на 2022 година имале ваков вид на набавка.
Целта е, со изработка на индексот на овие пет вида услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.
Индекс на рационалност 17
Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- летни работни униформи;
- зимски работни униформи;
- работни обувки-кломпи;
- одржување хигиeна во внатрешни работни површини и
- системи за инфузија
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2016 и во 2017 година.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво, коишто за набавките спровеле 53 тендери.
Индекс на рационалност 16
Шеснаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- електрична енергија;
- миење патнички возила;
- писмен превод;
- ангажирање агенција за привремени вработувања и
- поставување бехатон-плочки.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2015 и во 2016 година.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто за набавките спровеле 55 тендери.