Клучни ризици од корупција во јавните набавки на локално ниво и препораки за нивно надминување
Целта на овој документ за јавни политики е на едно место да ги сумира клучните ризици од корупција и препораките за нивно надминување, а кои беа утврдени преку мониторинг на јавните набавки на општините и на локалните јавни претпријатија спроведен врз основа на унифицирана методологија од страна на 8 невладини организации во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Одделните извештаи со клучните ризици од корупција за секоја општина и за локалните јавни претпријатија се веќе објавени и достапни, меѓу другото, и на веб-страницата Центарот за граѓански комуникации https://www.ccc.org.mk/.