37 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2021)
Секоја втора фирма која учествува во тендерите вели дека има корупција
Денес, 21 септември 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година, во коj се вклучени и наоди од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година и истражување на договорните органи за нивните кадровски капацитети за јавни набавки. Воедно, ја објавуваме и Базата на јавните набавки на општините во 2021 година.