Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра
Денес, 16 март 2022 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму.
Истражувањето покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции.
Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.
Кога станува збор за конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила, таа и натаму опаѓа односно дури на 83 % од тендерите имало само по една понуда.
Повеќе од 40 % од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.