ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Кон отчетни јавни претпријатија (ресурси)

on .

Проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ којшто  ЦГК го реализираше во изминатите две години, 1 октомври 2019 - 30 септември 2021 година, со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, ги опфати следните активности и резултати:

- Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински  беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга.

- За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки.

- Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“, кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи.

- Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн.

- Следеше едукативна програма за зајакнување на вештините за спроведување на тендерите, во која беа вклучени 46 лица кои спроведуваат јавни набавки во вклучените претпријатија и општините.

- Дополнително, 30 лица беа обучени за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, а дел од претпријатијата искористија менторска помош за изработка на своите планови за интегритет.

- Преку обработка на податоци од вкупно 5.018 договори за јавни набавки на вклучените претпријатија во 2020 и 2021 година, беа измерени промените, односно напредокот направен во овие две години.

Анализата на податоците добиени од претпријатијата и преземени од Електронскиот систем за јавни набавки во периодот 2021 година во однос на 2019 година покажува подобрување на конкуренцијата во постапките за јавни набавки кај таргетираните претпријатија, потоа подобрување транспарентноста и отчетноста и намалена примена на нетранспарентната постапка на преговарање без објавување на оглас.

Во прилог е листата на ресурси развиена во рамките на проектот:

- Истражување и анализа: Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственоста на Владата и на општините;

- Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување; (ALB)

- Прирачник за изготвување на планови за интегритет на јавните набавки; (ALB)

- Документ за јавни политики: Клучни предизвици во јавните набавки на државните претпријатија. (EN) (ALB)

Печати
PDF

35 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2020)

on .

РАСТЕ ОТФРЛАЊЕТО НА ПОНУДИТЕ НА ФИРМИТЕ НА ТЕНДЕРИТЕ; СЕКОЈ ТРЕТ ТЕНДЕР СЕ ПОНИШТУВА

Денес, 28 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од мониторингот на јавните набавки за периодот јули-декември 2020 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Од мониторингот на јавните набавки:

» Поништувањата на тендерите стигнаа до 33 %, што е највисоко ниво во последните неколку години. Најмногу поради немање понуди или поради неприфатливи понуди.

» Во пораст е отфрлањето на понудите на фирмите на тендерите поради проблеми со документацијата или со понудените предмети на набавка.

» Контролирани се само 1 % од тендерите во земјава и во секој петти контролиран тендер се пронајдени неправилности.

» Конкуренцијата кај локалните тендери останува значително пониска отколку кај тендерите на институциите на национално ниво.

» Во жалбената постапка се намалува уделот на уважени жалби од фирмите, а расте уделот на одбиени жалби.

Од овогодишната анкета на фирмите:

» Проблем број еден во јавните набавки за 77 % од фирмите е ’најниската цена‘ како критериум за избор на најповолната понуда.

» Дека фирмите се договараат на тендерите сметаат 60 % од испитаните фирми.

» 47 % од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки.

» 47 % од фирмите не се жалат на тендерите поради недоверба во Државната комисија за жалби по јавни набавки.

» Фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,8 (на скалата од 1 до 5), што е исто како лани.

» Доминантни 60 % од фирмите велат дека корона-кризата влијаела негативно врз нивното учество на тендерите.

 

Печати
PDF

База на податоци на општините за 2020

on .

И ВО КРИЗНАТА 2020 ГОДИНА, ОПШТИНИТЕ ПОТРОШИЛЕ НА ТЕНДЕРИ РЕЧИСИ ИСТО КОЛКУ И ВО ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА


Денес, 22 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која 80-те општини и Градот Скопје склучиле 3 454 договори за јавни набавки во вкупна вредност од околу 8 милијарди денари, односно 129 милиони евра, скоро исто колку и претходната 2019 година.

Пораст на вредноста на набавките има кај Градот Скопје и 20 општини, додека намалување е евидентирано кај 61 општина. Најголем вредносен скок во однос на претходната година има кај Градот Скопје, од 10,3 милиони евра, Општина Гостивар од 5 милиони евра и Аеродром од 2,7 милиони евра. Најголеми падови во вредноста на набавките има кај Општина Липково за 2,8 милиони евра, Тетово за 2,4 милиони евра и Штип и Прилеп по околу два милиони евра.

Печати
PDF

Индекс на активна транспарентност 2021 година

on .

Денес, 3 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, изработено во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: