СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ
Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки
Денес, 3 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки. Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени за начинот на којшто ги спроведуваат јавните набавки. 100 % значи максимална, а 0 % никаква заштита од корупција. 4 министерства и 43 општини се наоѓаат во црвената зона, односно нивните јавни набавки се спроведуваат со ниско ниво на заштита од корупцијата бидејќи имаат освено помалку од 50 %. Ниту една институција не се наоѓа во зелената зона, на висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %.