ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 30 Август 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јануари до март 2013 година. Некои од клучните наоди се:

  • Македонија останува една од ретките земји која во својот Закон за јавни набавки нема предвидено санкции за прекршувања на одредбите од Законот и покрај констатираните бројни случаи на вакви прекршувања - компаративната анализа на македонското законодавство со 8 земји од Европа.
  • Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
  • Оспорено е правото на фирмите да го докажуваат претходнотото искуство во работењето преку меѓусебно здружување. Државната комисија за жалби по јавни набавки оценува дека фирмите можат да ги здружат капацитет за докажување на способност за реализација на идната набавка, но не и за докажување на претходно искуство. Поради ова постои ризик од уште поголема концентрација на јавни набавки кај мала група на големи компании.
  • Поништувањeтo на тендерите е на исклучително високо ниво од дури 26,6%.
  • Вредноста на договорите склучени преку постапка со преговарање без објавување оглас во првиот квартал од 2013 година изнесува 11 милиони евра.

Извештајот од мониторингот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Јавните набавки на општините – од 2 до 400 евра по жител

on .

СКОПЈЕ, 17 јули, 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во шестмесечниот период од октомври 2012 до март 2013 година.

Споредбената анализа на јавните набавки на општините покажува огромни разлики меѓу општините не само според вкупниот износ на пари што се трошат преку јавните набавки, туку и според потрошените пари за јавни набавки по жител, кои се движат од 2 евра во Шуто Оризари до 400 евра во Центар.

Инаку, редовниот мониторинг ги покажа следниве констатации:

- Одредени пропусти, забелешки или нелогичности во спроведувањето на јавните набавки се регистрирани во значаен дел од мониторираните постапки на локално ниво.

- Во повеќе од половина од мониторираните постапки за јавни набавки на локално ниво се бара од фирмите да исполнуваат одредени поспецифични услови за да можат да учествуваат на тендерите со што се ограничува конкуренцијата.

- Иако законски задолжителна, е-аукцијата се одржала само во 53% од мониторираните постапки за јавни набавки. Доминантна причина за неодржување на е-аукцијата е тоа што имало само еден или ниту еден понудувач.

- Поништувањето на постапките за јавни набавки на локално ниво се задржува на 15%, исто како и во претходното полугодие. Една третина од поништените постапки од мониторираниот примерок на локално ниво се поништени поради тоа што не била поднесена ниту една понуда.

Извештајот е достапен тука. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Најнови резултати од истражувањето на рационалноста во јавните набавки

on .

СКОПЈЕ, 26 јуни 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.8 изработен за производите работни одела, работни обувки, клупи и тонери, како и за услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на работни одела, а најмала во набавката на оригинални тонери:

  • за работните одела како дел од ХТЗ опремата, комуналните претпријатија плаќале од 1.263 до 4.956 денари за комплет (панталони и јакна) со што највисоката цена платена за овој производ е повисока за 292% од најниската евидентирана цена;
  • работните чевли, кожни високи, се купувале по цена од 870 до 2596 денари со што највисоката цена платена за обувките е за 198% повисока од најниската;
  • клупите кои ги купувале општините се со цени во распон од 4838 до 12188 денари со што највисоката цена е за 152% повисока од најниската евидентирана во индексот;
  • тонерите кои се оригинални се купувани по цени кои се движат од 3.622 до 4.552 денари, упатувајќи на разлики и до една четвртина во цените, додека пак во набавката на компатибилни тонери разликата е уште поголема и изнесува и до 100% бидејќи цените се движат од 998 до 2006 денари за тонер;
  • за услугата дезинфекција, дезинсекција и дератизација институциите плаќале од 3000 до 9310 денари за 1000 м2. Највисока цена е за 210% повисока од најниската евидентирана во индексот.

Анализата покажа дека големите разлики во цените по кои различни институции купуваат исти производи не можат да се објаснат со начинот на којшто се спроведени тендерите и упатува на заклучокот дека причините за разликите треба да се бараат во некои други фактори, кои се од субјективна природа.

Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Конкурс за истражувачки стории

on .

Центарот за граѓански комуникации, заедно со Балканската истражувачка репортерска мрежа и Центарот за истражувачко новинарство – СКУП Македонија повикуваат новинари да се пријават на повикот за истражувачки стории.

Овој конкурс е дел од „Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор“ во рамките на Програмата на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија.

На конкурсот може да се пријават сите новинари од Македонија, а краен рок за пријавување е 7 јуни. Повеќе детали и формуларот за аплицирање се достапни на следниов линк: http://birn.eu.com/en/page/macedonia-call-for-investigations