Пад на вредноста на општинските тендери за една третина, во Скопје дури за 68 %
База на податоци на сите тендери на општините и Градот Скопје за 2022 година
Денес, 22 август 2023 година, Центарот за граѓански комуникации ја објави Базата на податоци на тендерите на општините во 2022 година според која 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година вкупно склучиле 3.508 договори за јавни набавки во вредност од 7,3 милијарди денари, односно 118 милиони евра. Вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје во 2022 година е намалена за една третина, односно за 65 милиони евра во однос на 2021 година.