Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија
СКОПЈЕ, 31 јануари 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија, кој го опфаќа периодот од јули до септември 2013 година. Некои од клучните наоди се:
- Во речиси една третина од мониторираните тендери, договорот за јавна набавка е склучен со фирмата што се јавила како единствен понудувач. Во вакви услови, тендерот не завршува со електронски натпревар за намалување на цените преку т.н. е-аукција. Оттука, во овие постапки постои зголемен ризик договорот да е склучен по повисоки цени од реалните на пазарот.
- Дел од договорните органи продолжиле да користат елементи за бодување на понудите кои не гарантираат објективен избор на најповолната понуда. Регистрирани се случаи на доделување бодови на понудувачите со кои договорниот орган и претходно имал договори за јавни набавки, како и повеќе примери на отсуство на јасна методологија за делење на бодовите за квалитет.
- Вредноста на договорите склучени преку постапката со преговарање без објавување оглас во третото тромесечје од 2013 година изнесува 21,3 милиони евра, што е за 52% повеќе од истиот период лани. Сумарно, во првите 9 месеци од 2013 година, вредноста на овие договори изнесувала 47,7 милиони евра.
- Во третиот квартал од 2013 година, секој четврти тендер бил неуспешен (25,7%). Најчеста причина за поништување на тендерите е поради тоа што не е поднесена ниту една прифатлива или соодветна понуда.
Извештајот од мониторингот е достапен на www.ccc.org.mk. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .






КОЧАНИ, 24.01.2013 – Со одржување на состанокот во Кочани, заврши серијата работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините во вардарскиот и источниот регион за примената на
Истовремено, на околу 300 микропретпријатија од споменатите општини секојдневно им се дава обука и помош околу регистрација на ЕСЈН, пополнување на тендерските документации, поднесување понуди, водење на електронски аукции и други активности поврзани со нивното учество во јавните набавки. овие фирми во текот на 2013 година поднесоа вкупно 243 понуди и склучија повеќе од 120 договори за јавни набавки во вкупна вредност од повеќе од еден милион евра.
КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 - Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци.