Индекс на рационалност 16
Шеснаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- електрична енергија;
- миење патнички возила;
- писмен превод;
- ангажирање агенција за привремени вработувања и
- поставување бехатон-плочки.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2015 и во 2016 година.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто за набавките спровеле 55 тендери.