Индекс на рационалност 12
Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги:
- вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци);
- хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици);
- фискални апарати;
- надворешни камери за видеонадзор и
- финансиска ревизија.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година.
Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 70 институции на национално и на локално ниво. Но од објективни или субјективни причини наведени детално во анализата, крајно, индексот е изработен врз основа на податоците за цените на производите и услугите постигнати во 36 тендерски постапки од страна на 34 институции.