ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Индекс на рационалност 4

on .

Индекс на рационалност 4

Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 3 и 4

Четвртиот индекс на рационалност е изработен за следните пет видови производи, односно услуги:
- веб-страница;
- огревно дрво;
- бехатон-плочки;
- здравствен преглед по вработен и
- противпожарна заштита.

Станува збор за производи и услуги што често се набавуваат од страна на институциите, што овозможува индексот да се изработи низ споредба на набавните цени од поголем број на договорни органи, на национално и на локално ниво.
Во изработката на овој индекс, обезбедени се податоци за цените и вредност на договорите на 84 институции во земјата. Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
Целта е, низ изработка на индексите на овие пет видови производи, односно услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените, да се нотираат слаби точки во трошењето на јавните пари, но и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи, односно услуги.

Печати
PDF

Индекс на рационалност 3

on .

Индекс на рационалност 3

Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 3 и 4

Третиот индекс на рационалност е изработен за следните пет видови производи, односно услуги:

  • писмен превод од македонски на англиски јазик;
  • клима-уреди;
  • физичко обезбедување;
  • лаптоп-компјутери и
  • ГПС уреди за возила.

Изборот на овие производи е направен како често користени производи и услуги од страна на институциите на национално и на локално ниво.

Сепак, со оглед на фактот што од една страна методологијата на изработка на индексот подразбира споредба на цени на најмалку пет институции, а од друга страна не секогаш се добиваат бараните информации од институциите или, пак, кога ќе се добијат, тие не се споредливи, за изработка на индексот за дел од избраните производи и услуги, освен во 2011 година, вклучени се и набавки реализирани во претходните години.

За да се обезбедат потребните податоци за изработка на индексот на овие пет производи (клима уреди, лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила), односно услуги (писмен превод и физичко обезбедување), ЦГК достави до институциите на национално и локално ниво 94 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки. Идејата е, низ изработка на индексите на овие пет видови производи односно услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи, односно услуги.

Печати
PDF

Индекс на рационалност 2

on .

Индекс на рационалност 2

Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 1 и 2

Индексот на рационалност за втората група на производи (втор квартален извештај) е изработен врз основа на споредба на цените за набавка на медицински потрошен материјал во секторот здравство. Со цел да се даде што е можно подобар приказ на состојбите во овој сектор, индексот е изготвен за  шест видови на производи и тоа:

  • системи за трансфузија;
  • системи за инфузија;
  • шприцови;
  • вата;
  • платнени фластери и
  • завој калико.


Изборот на овие производи е направен како најчесто користен потрошен материјал од страна на сите здравствени домови, болници и клиники. Целта беше да се утврди дали кај овие видови на производи, со оглед на нивната секојдневна употреба и фреквентна набавка, се создадени повоедначени цени меѓу добавувачите или постојат ценовни отстапувања. Цените на производите се обезбедуваа преку пристап до информации од јавен карактер кои беа доставувани до сите договорни органи од областа на здравството, регистрирани во Електронскиот систем за јавни набавки.

Facebook

Печати
PDF

Индекс на рационалност 1

on .

Индекс на рационалност 1

ГЕНЕРАЛЕН ЗАКЛУЧОК

Индексот на рационалност се пресметува за првпат во Македонија и тој би требало да претставува еден вид инструмент на државните институции за подобрување на рационалноста при јавните набавки, односно во трошењето на јавните пари.

Во оваа прва анализа, индексот на рационалност е пресметан за пет предмети на набавки. Кај секоја од нив индексот покажува значајни разлики во цената, односно во вредноста по која различни државни институции ги купуваат анализираните производи и услуги. Соодносот меѓу најниската и највисоката цена кај еден час зимско одржување изнесува 1 : 2,5, кај еден тон индустриска сол е 1 : 5,5, кај еден топ стандардна хартија за фотокопирање изнесува 1 : 2, кај попустите во цената на маслото за греење ЕЛ-1 тој е 1 : 4, а во вредноста на склучените договори за новогодишно украсување изнесува 1 : 30. Притоа, треба да се има предвид дека кај најголем дел од анализираните случаи, наспроти економските законитости, пониските цени не се постигнати за купување на поголеми количини. Сево ова е показател дека државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално.

Освен разликите во цените, анализата покажува дека постојат големи разлики кај државните институции во условите под кои ги спроведуваат набавките на исти производи и услуги.

Имајќи го ова предвид, се наметнува потребата државните институции подетално да го истражуваат пазарот пред да ги објавуваат тендерите и да изберат пристап при набавките што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари.