ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Истражување на продажбата на државно градежно земјиште

on .

НЕДОВОЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ И НИСКИ ЦЕНИ ПРИ ПРОДАЖБАТА НА ДРЖАВНО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ

Денес, 8 октомври 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Недоволна транспарентност и ниски цени при продажбата на државно градежно земјиште“ кое открива дека oпштините не ги информираат граѓаните за реализираните продажби на државно градежно земјиште.

Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:

  • Општините ги објавуваат одлуките за отуѓување на државно градежно земјиште само во Службен весник на РСМ. Но, ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.
Печати
PDF

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

on .

41 % ОД ЛИЦАТА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ СМЕТААТ ДЕКА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ЧЕСТО ИМА КОРУПЦИЈА

 

 

 

 

 

 

 

Денес, 30 септември 2024 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави:

Клучните наоди од овие истражувања вклучуваат:

Печати
PDF

Истражување за бројот на ученици во основното и во средното образование

on .

Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 %

Скопје, 2 септември, 2024 година |  Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави истражувањето и базата на податоци за движењето на бројот на ученици во земјава во последните десет учебни години. Податоците покажуваат дека:

  • Само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта во земјава е намален за 27 илјади, односно за 10 %.
  • Бројот на средношколци е намален за 20 %, односно за повеќе од 17 илјади ученици.
  • Во основното образование има 10 илјади помалку ученици.
  • Во основните училишта, најголемо намалување на бројот на ученици од дури 57 % има во Ново Село, а кај средните во Пехчево каде само за десет години има 83 % помалку ученици.
  • Бројот на наставници, пак, во основно образование расте, а во средно има мало намалување.

Во базата на податоци се наоѓаат податоците за секоја општина, по години и по одделенија. Целото истражување можете да го симнете на овој линк
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Индекс на активна транспарентност 2024

on .

МИНИСТЕРСТВАТА БЕЗ НАПРЕДОК ВО АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ОПШТИНИТЕ СО МИНИМАЛНО ПОДОБРУВАЊЕ

Денес, 14 август 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност 2024, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти:
» Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 % на 80 %). 
» Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 %, а на општините 79 %. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни поени.