ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Веб страницата www.ccc.org.mk користи колачиња за да го подобри вашето искуство на веб страницата. Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред и кои се користат за прибирање информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер при вашата следна посета на нашата страница, со што се овозможува побрз пристап. Преку колачињата не се прибираат лични податоци. Сите информации добиени преку нив на ниту еден начин нема да ja загрозат вашата приватност.

При посетата на www.ccc.org.mk нашата веб страница може да евидентира информации како името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на веб страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Со посета на нашата веб страница вие се согласувате со Политиката за приватност како и со евентуалните измени на истата која може повремено да се менува, без претходно известување. Прикажи помалку

Warning: session_start(): Cannot send session cookie - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: session_start(): Cannot send session cache limiter - headers already sent (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 423

Warning: Cannot modify header information - headers already sent by (output started at /var/www/html/index.php:102) in /var/www/html/libraries/joomla/session/session.php on line 426
Center for Civil Communications
Печати
PDF

Policy brief за унапредување на транспарентното владеење

on .

СКОПЈЕ, 28 февруари 2013 година - Центарот за граѓански комуникации, во партнерство со невладините организации НВО Инфоцентар и ЕХО ги издаде насоките за јавни политики за унапредување на транспарентното и отчетното локално владеење, како завршен документ од тригодишниот Проект на УСАИД за транспарентно владеење што овие три организации го спроведуваа од 2009 до 2013 година.

Документот е плод на повеќе од тригодишното работење со 13 општини од цела Македонија и секојдневното согледување на состојбите, промените, проблемите и потребите на локалните заедници, а во насока на натамошното унапредување на еден од најзначаните процеси во земјава - децентралнизацијата.

Печати
PDF

Јавни набавки на локално ниво: Различни набавки – исти проблеми

on .

СКОПЈЕ, 14 февруари 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2012 година.

Поставувањето на критериуми што фирмите треба да ги исполнат за да можат да учествуваат на тендерите коишто се несоодветни било за предметот на набавка, било за проценетата вредност на набавката, било за условите на пазарот е проблем кој е присутен кај речиси една третина од мониторираните постапки на локално ниво.

Законската обврска за одржување е-аукција за сите јавни набавки без оглед на вредноста сè потешко се остварува во тендерите на локално ниво. Во избраниот примерок од мониторингот  на јавните набавки на локално ниво, е-аукција се одржала само кај 46% од набавките.

Транспарентноста и отчетноста на договорните органи на локално ниво се доведени во прашање не само тогаш кога треба да бидат резултат на доброто владеење во институциите, туку и во случаите кога тие се точно наведени како законски обврски.

И кај мониторираните јавни набавки на локално ниво не изостануваат поништувањата на постапките, иако процентот на поништување (15%) е значително понизок од оној кај мониторираните постапки на институциите на национално ниво за истиот период(25%).

Фирмите што учествуваат на тендерите организирани од локалните институции ги лоцираат најчестите проблеми во: обемната документација што се бара од нив за учество на тендерите, во техничките спецификации и тендерските документации, во критериумите и начинот на евалуирање на понудите, во кратките рокови и во задолжителната е-аукција.

Извештајот е достапен и на www.ccc.org.mk. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . (Преземете го извештајот овде)


Печати
PDF

Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

on .

СКОПЈЕ, 28 декември 2012 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јули до септември 2012 година. Некои од клучните наоди се:

  • Во пораст е проблемот со поништување на поголемите тендери – оние за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра. Постои растечки тренд на донесување одлуки за поништување на ваквите тендери главно поради тоа што проценетата вредност на набавките е пониска од понудената од фирмите.
  • Некои институции продолжуваат да не го почитуваат правилото за прецизно дефинирање на елементите за евалуација на понудите. Наместо квалитетот на понудите, во некои тендери се цени, главно, искуството на фирмите-понудувачи.
  • Во третиот квартал од 2012 година, склучени се 210 договори во вредност од 14 милиони евра преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Вкупно, во првите девет месеци од 2012 година вредноста на овие договори изнесува околу 32 милиони евра.
  • Компаративната анализа на македонското законодавство со седум европски земји укажува дека ниту една од нив не креира т.н. „црна листа“ на понудувачи на кои им е забрането учество во јавните набавки за одреден период (1 до 5 години) како последица на активирање на банкарските гаранции.

Извештајот од мониторингот е достапен и на www.ccc.org.mk. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите .

Печати
PDF

Промоција на регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот и од вардарскиот регион

on .

Пред 150 претставници на микропретпријатија, општини и локални институции, на 4 и 6 декември се промовирани регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот регион во Штип и од вардарскиот во Велес.

Преку овие регионални центри, на 200 мали и микропретпријатија ќе им се нудат обуки, секојдневна помош и консултации. На договорните органи од 21 општина, пак, ќе им се препорачаат конкретни мерки што треба да ги преземат за намалување на постојните административни и други пречки за поголемо учество на малите и микропретпријатија во јавните набавки.