Индекс на активна транспарентност 2025 година

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година.
16/09/2025441

There are no translations available.

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година.

Активната транспарентност на министерствата и Владата е намалена во однос на лани и изнесува 84 % (лани 86 %).

Општините го задржаа истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79 %.

Дури 44 % од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност (лани се влошиле 19 % од институциите).

Повеќе за истражувањето можете да прочитате на следниот линк