21 Monitoring of public procurement report

There are no translations available. Само во првиот квартал од 2014 година, преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас се склучени 228 договори во вредност од 19,3 милиони евра.
25.07.20142114

Некои од клучните наоди се:

  • Вредноста на договорите склучени преку преговарање без претходно објавување оглас бележи голем пораст во првото тромесечје од годинава, во пресрет на стапувањето на сила на законските измени со кои склучувањето на дел од ваквите договори би требало да биде намалено. Само во првиот квартал од 2014 година, преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас се склучени 228 договори во вредност од 19,3 милиони евра.
  • Со оглед на природата на набавките кои беа доминантни во првиот квартал од годинава, компјутерска опрема, канцелариски материјал, осигурителни услуги, авиобилети, одржување хигиена итн., конкуренцијата во набавките беше на повисоко ниво од просекот евидентиран низ мониторингот во 2013 година. Дел од институциите и натаму учеството на тендери го условуваат со докази дека фирмата работи со профит.
  • Елементите врз основа на кои се евалуира квалитетот на набавките и натаму претставуваат слаба алка во системот.
  • Бројот на фирми кои имаат забрана за учество на тендери, заклучно со март 2014 година, достигна 45. Регистриран е случај на фирма која веќе има забрана што е подолга од законскиот максимум од пет години.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на македонски и англиски јазик.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој извештај е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.