12 Monitoring of public procurement report

There are no translations available. Загрижувачки е што во доминантен дел од мониторираните постапки за јавни набавки, поништувањата следуваа токму во тендери на кои учествувале голем број понудувачи.
08.04.20112011

Некои од клучните наоди се:

Во половина од мониторираните тендери, планираната електронска аукција не се одржала поради тоа што била доставена само една понуда или само една понуда била оценета како прифатлива. На овој начин се доведува во прашање рационалноста во трошењето на јавните пари бидејќи во случаи кога се планира е-аукција, фирмите првично доставуваат повисоки цени во очекување тие да се намалат низ негативното наддавање во аукцијата. Ваквата состојба е директна последица на високото поставување на критериумите за учество на фирмите на тендерите, со што се ограничува конкуренцијата и бројот на понудувачите.

Поништувањата на постапките фрлаат сериозна дамка врз системот на јавни набавки и отвораат сомнежи за мотивите при донесувањето одлуки за пони‌­­­‌штување. Загрижувачки е што во доминантен дел од мониторираните постапки за јавни набавки, поништувањата следуваа токму во тендери на кои учествувале голем број понудувачи. Во четвртиот квартал од 2011 година, уделот на поништени од вкупно огласените постапки изнесува 22,3%, а на ниво на цела 2011 година, поништени се 21,23% од тендерите.

Вредноста на договорите склучени со преговарање без објавување оглас во четвртиот квартал од 2011 година достигнаа дури 10 милиони евра. На годишно ниво, во 2011 година се склучени непосредни договори во вредност од 39,4 милиони евра, што е за речиси 50% повеќе од 2010 година. Со ова е достигнат рекорд во однос на вредноста на овие договори, во чие склучување не се обезбедува никаква транспарентност. Анекс-договорите, како и крајната итност од набавката и натаму се главните причини за трошење значаен износ од буџетските пари преку непосредни договори.

This publication is available only in Macedonian language

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.