9 Monitoring of public procurement report

There are no translations available. Во постапките за јавни набавки, фирмите сè почесто меѓу себе се натпреваруваат со своето искуство и големина, наместо со своите понуди. Оттука, наместо цената и квалитетот на понудените производи или услуги, сè повеќе добиваат на значење референтните листи на фирмите.
29.01.20112617

Некои од клучните наоди се:

Во постапките за јавни набавки, фирмите сè почесто меѓу себе се натпреваруваат со своето искуство и големина, наместо со своите понуди. Оттука, наместо цената и квалитетот на понудените производи или услуги, сè повеќе добиваат на значење референтните листи на фирмите, бројот на вработени, како и договорите што веќе ги имаат склучено со други државни институции. Ова неминовноводиконстеснувањена круготнафирмитешто учествуваат на тендерите, а намалената конкуренција, пак, кон поскапување на јавните набавки.

Поништени се 20% од постапките што, според досегашната практика, е многу висок процент за првиот квартал од годината, имајќи предвид дека поништувањата добиваат интензитет во втората половина од годината. Доколку овој тренд продолжи и во следните месеци, можно е годинава да се надмине дури иминатогодишниот исклучително висок удел на поништени постапки.

Дополнително е загрижувачки што дел од тендерите во мониторираниот пример се поништувани и по неколку пати.

Вредноста на непосредните спогодби склучени во првиот квартал од 2011 година е за 130% поголема во однос на истиот период лани. Преку нетранспарентната постапка со преговарање, а без објавување оглас, склучени се договори во вредност од 572 милиони денари (9,3 милиони евра).

Во само 36,6% од тендерите се користела е-аукцијата, која ја намалува цената на производите и услугите што се купуваат или работите што се градат преку јавните набавки. Законот предвидува уделот на е-аукцијата во вкупните постапки во 2011 година да изнесува 70%.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на следниот линк.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки е изработен во соработка и со финансиска поддршка на Фондацијата Oтворено општество – Македонија