5 Monitoring of public procurement report

There are no translations available. Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки. Воедно се применуваат и критериуми кои се несоодветни и непропорционални со видот и со обемот на набавката.
07.01.2010762

Некои од клучните наоди се:

Се продлабочува проблемот со користење на критериуми за бодување на понудите со кои не се гарантира избор на најповолна понуда, односно рационално и ефикасно трошење на јавните пари. Расте употребата на т.н. манипулативни критериуми, како што се рок на изведбата, рок и начин на плаќањето; се забележува тенденција на доделување голем број бодови за критериумот ,квалитет‘ без да се прецизира како ќе се вреднува тој, а се воведуваат и чудни, и нејасни критериуми за избор на понудите.

Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки. Воедно се применуваат и критериуми кои се несоодветни и непропорционални со видот и со обемот на набавката и кои можат да влијаат дискриминаторски и да ја намалуваат конкуренцијата. Во речиси половина од мониторираните постапки се поставени несоодветни критериуми со кои наместо компанијата, се оценува нејзината понуда.

Висок процент на поништени постапки за јавни набавки (20% од мониторираните постапки). Проблемот со поништувањето на постапки е особено нагласен на локално ниво.

Е-аукција се користи само во 5,5% од постапките за јавни набавки, што е неколкукратно помалку од законскиот праг од 30%. Продолжува практиката на недоволно користење електронски средства за спроведување на постапките за јавни набавки, било за сите фази од постапката за јавна набавка (е-набавка), било само за електронските аукции како последна фаза.

Повеќе за извештајот можете да прочитате на следниот линк

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Овој Извештај за резултатите од мониторингот на процесот на јавни набавки е изработен во соработка и со финансиска поддршка на Фондацијата Oтворено општество – Македонија