Истражување: Процес на доделување Б-интегрирани еколошки дозволи

Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.
02.07.2024178

There are no translations available.

The research can be downloaded in Macedonian, Albanian and English language

Целта на истражувањето е да се мапираат актуелните практики во однос на издавањето на Б-интегрираните еколошки дозволи, пред сè поради нотираните зголемени проблеми со заштитата на животната средина во државава.

Во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси (2021 – 2025) се вели дека овој сектор добива на значење во последните години, поради воведувањето различни еколошки и други дозволи кои деловните субјекти треба да ги имаат за да можат да ги започнат/вршат своите оперативни активности.

Истражувањето е поттикнато од ризикот од корупција во текот на процесот, којшто ја наметнува неопходноста од анализирање на постојните практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на транспарентноста и интегритетот на овие процедури.

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е изготвено во рамките на проектот „Заштита од корупција“, со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, имплементиран од Центарот за граѓански комуникации, во периодот од 1 ноември 2021 година до 31 октомври 2024 година.