Corruption schemes in healthcare public procurement detected through public procurement appeals

09.04.2026161

There are no translations available.

The research can be downloaded in Macedonian, Albanian and English language

Истражувањето покажа дека во 71 % од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна понуда, што укажува дека главниот извор на нерегуларности во здраствените тендери е евалуацијата на понудите како фаза со највисок ризик од фаворизирање на одредени понудувачи.

Анализата на жалбите укажува дека здравствените институции неретко ги евалуираат примените понуди непрецизно и со невоедначени критериуми, избирајќи понуди кои не ги исполнуваат барањата од тендерската документација.

Еден од најчестите проблеми се нејаснотиите во врска со потребната документација за пуштање во промет и увоз на лекови, што создава административни пречки во тендерската постапка и го зголемува ризикот од субјективно постапување.

Исто така, во тендерите се поставуваат несоодветни и селективно дефинирани технички критериуми или истите се менуваат во текот на постапката, со што се создаваат услови за фаворизирање на одредени фирми и се генерира корупција.

       

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Спречување на корупцијата во јавните набавки во здравството“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска поддршка на National Endowment for Democarcy (NED).