Corruption schemes in healthcare public procurement detected through public procurement appeals

09/04/202664

There are no translations available.

The research can be downloaded in Macedonian, Albanian and English language

       

Денес, 9 април 2026, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за коруптивните шеми во јавните набавки во здравството воочени преку жалбите.

Истражувањето покажа дека:

  • Во 71 % од жалбите на фирмите се оспорува одлуката за избор на најповолна понуда, што укажува дека главниот извор на нерегуларности во здраствените тендери е евалуацијата на понудите како фаза со највисок ризик од фаворизирање на одредени понудувачи.
  • Анализата на жалбите укажува дека здравствените институции неретко ги евалуираат примените понуди непрецизно и со невоедначени критериуми, избирајќи понуди кои не ги исполнуваат барањата од тендерската документација.
  • Еден од најчестите проблеми се нејаснотиите во врска со потребната документација за пуштање во промет и увоз на лекови, што создава административни пречки во тендерската постапка и го зголемува ризикот од субјективно постапување.
  • Исто така, во тендерите се поставуваат несоодветни и селективно дефинирани технички критериуми или истите се менуваат во текот на постапката, со што се создаваат услови за фаворизирање на одредени фирми и се генерира корупција.
  • Државната комисија за жалби по јавни набавки усвоила 42 % од жалбите поднесени од фирмите до здравствените институции, што значи дека во речиси секој втор предмет Комисијата утврдила неправилности при постапките за јавни набавки во здравството.
  • Одредени здравствени институции не постапуваат по решенијата на Државната комисија за жалби, со што се нарушуваат принципите на законитост и правна сигурност и се создава сомнеж за прикриено фаворизирање.
  • Процентот на обжалени тендери во здравството изнесува 1,95, што е помалку и од онака нискиот процент на жалби на сите набавки во земјата од 3 %. Ова укажува дека правната заштита не се користи како ефикасен инструмент за борба против корупцијата во набавките.
  • Релативно малиот број жалби создава состојба во која здравствените институции не се под доволен надворешен притисок да ги почитуваат законските норми, што го зголемува ризикот од пристрасно доделување договори и злоупотреба на јавните средства.

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Спречување на корупцијата во јавните набавки во здравството“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска поддршка на National Endowment for Democarcy (NED).

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.