There are no translations available.
Мапирање на состојбите со објектите за спорт во општините спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Истражувањето открива дека спортските објекти се издаваат на користење на нетранспарентен начин, голем дел од овие објекти имаат нерешен статус, не се користат доволно од локалното население за спорт и рекреација и се издаваат без надомест со што не генерираат приходи кои потоа би се вложувале во нивното редовно одржување и осовременување.
Општините и училиштата ги доделуваат на користење објектите за спорт врз основа на добиени барања од спортските клубови, од здруженијата на граѓани и од заинтересираните граѓани, а не во транспарентни постапки со претходно објавување јавен повик и со прецизно утврдени услови, критериуми и цени. Ова го покажува истражувањето спроведено во општините Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Ваквата пракса остава простор за волунтаристичко постапување и можност за неправилно и несоодветно користење на објектите за спорт.
Осумте општини кои беа предмет на мониторинг имаат вкупно 42 објекти за спорт, а училиштата во овие општини располагаат со 124 објекти.
Од вкупно 42 објекти за спорт во општините Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип, дури 7 се вон употреба поради оштетувања и застареност, а со 12 спортски објекти (лоцирани во Битола, во Струмица, Тетово и Чаир) не ни располагаат локалните власти, туку се добиени на трајно користење, откако Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија веќе склучило договори со правни субјекти за нивно користење.
The research can be downloaded in Macedonian, Albanian and English language
Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Јавен надзор над јавните набавки” со финансиска помош од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.
За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.




