31 Извештај од мониторингот на јавните набавки (јули-декември 2018)

Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на лотови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.
21.05.2019286

There are no translations available.

The research can be downloaded in Macedonian and English language

Скопје, 21 мај 2019 година – Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Клучните наоди од мониторингот вклучуваат:

» Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на лотови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

» Конкуренцијата во јавните набавки во второто полугодие од 2018 година е влошена во однос на првото полугодие. Гледано на годишно ниво, во дури 32% од мониторираните тендери е добиена само една понуда, што говори за влошување на конкуренцијата во јавните набавки.

» Зголемена е примената на нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Во 2018 година се склучени вкупно 596 договори без објавување оглас, во вредност од 33 милиони евра, што е за 4 милиони евра повеќе од 2017 година. Доминантна причина за примена на оваа нетранспарентна постапка е ’крајната итност‘.

» Продолжува да расте бројот на тендери што се поништени. Во 2018 година, целосно или делумно се поништени 27% од сите постапки за јавни набавки, што претставува раст од 3 процентни поени во однос на претходната година.

» Мониторингот на локалните тендери покажува дека спроведувањето на јавните набавки од локално ниво и натаму се карактеризира со истите проблеми како години наназад: ниска конкуренција, многу тендери со по еден понудувач, висок процент на поништени тендери и стари, лоши, практики.

» Во 2018 година, фирмите доставиле 695 жалби до Државната комисија за жалби по јавните набавки, што претставува зголемување во однос на претходната година за дури 37%.

» Најновата анкета меѓу фирмите покажува дека:

– Најчест проблем со којшто се соочуваат фирмите во јавните набавки и натаму е `најниската цена` како единствен критериум;

– Задоцнетото плаќање падна од втор најчест проблем лани, на осмото место годинава, иако сѐ уште просечно се чека по 6 месеци и 12 дена за наплата на побарувањата за завршените набавки;

– 48% од фирмите сметаат дека `секогаш` или `често` има корупција во јавните набавки;

– Просечната оценка со која фирмите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава изнесува 2,87, што е незначителен пораст во однос на лани кога оценката беше 2,85.

The research can be downloaded in Macedonian and English language

     

Овој извештај е подготвен од тимот на Центарот за граѓански комуникации, грантист на проектот на УСАИД за Граѓанско учество, со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.